НАТО и ЕУ со позитивни реакции за закажаните избори во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер ја поздрави одлуката на Авганистанските власти за утврдување на 20-ти Април како официјален ден за одржување на претседателските избори во оваа земја. Позитивна реакција за оваа одлука испрати и шефот за надворешна политика на Европската унија Хавиер Солана.