Министрите на НАТО се договориле за обновување на односите со Русија

Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер изјави дека министрите за надворешни работи на Алијансата се договориле денеска за официјално обновување на односите на највисоко ниво со Москва кои беа замрзнати по руската интервенција во Грузија во августовската војна. За ова прашање денеска во Брисел расправаа министрите за надворешни работи.На состанокот американскиот државен секретар Хилари Клинтон исто така ја повика Алијансата да ја остави отворена можноста за придружување на Украина и Грузија, на што Русија силно се спротивставува. Нато вети евентуален влез на двете поранешни советски републики, но нагалсуавјки дека тоа ке биде долг пат.