ОН експерт - Грција да ги признае македонското и турското малцинство

Грција треба да се откаже од оспорувањето на постоењето македонско и турско малцинство на нејзина територија и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слободата на изразување и на здружување на овие заедници. Тоа се препорачува во Извештајот на независниот експерт за малцински прашања на Обединетите нации Геј Мек Дугал, изготвен од посетата на Грција од 8 до 16 септември 2008 година, посветена на промовирање на имплементацијата на Декларацијата за правата на човекот. Од Грција се бара и целосно да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права особено оние со кои на здруженијата треба да им се овозможи употреба на зборовите „македонски“ и „турски“ во нивните имиња, како и за слободно изразување на нивниот етнички идентитет.