Експропријација на приватна компанија во Венецуела

Претседателот на Венецуела Уго Чавез нареди да биде превземена контролата врз фабриката за ориз на американскиот гигант Каргил. Според Чавез компанијата не го дистрибуирала оризот по цените што ги определила владата. Тој уште вчера се закани со експропријација на оваа приватна компанија.