Американската армија ќе се повлекува од Ирак преку Турција

Турскиот министер за надворешни работи Али Бабаџан посочи дека Турција ќе и дозволи на армијата на САД да ги искористи нејзините бази и пристаништа, за да се повлече од Ирак. САД официјално не побарале да ги користат турските воздушни бази и пристаништа и Турција ќе треба да преоцени каков вид опрема ќе се транспортира, маршрутите што ќе се користат, како и другите прашања пред да го одобри евентуалното барање за тоа, изјави Бабаџан.