Покрената потрага за воени злосторства по претседателот на Судан


Меѓународниот Суд за воени злосторства денеска објави барање за приведување на суданскиot претседател Омар Ал Башир кој се товари за воени злосторства и злосторства против човештвото во суданскиот регон Дарфур. Главниот обвинител Луис Морено Окампо изјави дека постојат силни докази дека Башир ја мобилизирал суданската армија и арапските милитанти за кампања за убиства и насилни иселувања врз африканските племиња. Според Обединетите нации, над 300 илајди луге биле убиени, додека 2,7 милиони биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на конфликтот во Дарфур во 2003 та година.