Прва пресуда на ЕУЛЕКС

Во првото судење за воени злосторства на Косово што беше одржано под покровителство на ЕУЛЕКС е осуден косовскиот албаненец Гани Гаши на 17 години затвор, соопшти денеска мисијата на Европската Унија. Обвинетиот во 1998 та година крај контролен пункт пукал врз српско семејство убивајќи го таткото на семејството, додека останатите членови биле тешко повредени. Судскиот совет го сочинуваа двајца судии на ЕУЛЕКС и еден косовски албанец, а обвинителот кој го водеше случајот беше претставник на ЕУЛЕКС.