Обама како Буш, вели иранскиот лидер Хамнеи

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека американскиот претседател Барак Обама, што се однесува до Израел, продолжува на истиот погрешен пат како и неговиот претходник Џорџ Буш. Хамнеи, на меѓународната конференција посветена на Појасот Газа што се одржува во Техеран, оцени дека Израел претставува рак рана на Блискиот исток и оти единствен пат за спасување на Палестина е отпорот.