Најавено намалување на бројот на мировниците на НАТО на Косово

НАТО не ја исклучува можноста да го намали бројот на мировниот контингент во Косово, изјави портпаролот на Северноатлантската алијанса Џејмс Апатурај. Тој наведе дека на идната средба на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, закажана за јуни, треба да биде разгледано прашањето за менување на структурата на КФОР. На Косово во рамките на оваа мисија распоредени се 16.000 војници.