Средба Обама-Браун

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Гордон Браун заеднички оценија дека е потребно да се пронајде единствено решение за светската финансиска криза. Браун, кој е во официјална посета на Соединетите Држави, е првиот европски лидер кој официјално се сретна со Обама по неговиот избор за претседател. Браун пред состанокот со Обама повика на светски Нов договор, алудирајќи на програмата за економски спас која по Втората светска војна ја претстави тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт.