САД ќе испратат претставници да ги подобрат односите со Сирија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Соединетите држави ке испратат двајца официјални претставници во Сирија на прелиминарни разговори за подобрување на релациите мегу двете држави. Американско – сириските односи станаа особено тензични за време на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш кој го обвинуваше Дамаск за подржување на тероризмот во Ирак.