Односите Македонија – БИХ на највисоко ниво

Денеска во Сараево македонскиот претседател Бранко Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ оценија дека односите меѓу Македонија и Босна и Херцеговина се на највисоко политичко и општествено ниво, но економската соработка не е на задоволително ниво. Во врска со неодамнешната изјава на премиерот на Република Српска Милорад Додик за мултиетничкиот концепт дека сите ентитети треба да бидат федерализирани со право на самоопределување Радмановиќ рече дека во Босна има различни мислења за внатрешното уредување на земјата а Црвенковски дека секој обид за менување на државните граници по етнички принцип е опасна работа и може да претставува преседан кој ќе отвори нова серија дестабилизации во регионот.