Обама му пишал на Медведев, соопшти Москва

Официјален Кремаљ денеска потврди дека американскиот претседател Барак Обама му испратил писмо на рускиот претседател Дмитриј Медведев кое содржи некои предлози за ракетната одбрана и за Иран, но дека немало конкретни иницијативи. Портпаролот на Медведев, Наталија Тимакова го нагласи позитивниот дух на писмото на Обама, додавајки дека во него имало различни предлози. Претходно американските медиуми објавија дека Обама во писмото му сугерирал на Медведев дека Содинетите држави може да се повлечат од намерата за распоредување ракетен одбранбен систем во Источна Европа доколку Русија помогне Иран да престане да ја развива својата нуклерана програма.