Македонско албански бизнис форум

Македонската владина и стопанска делегација предводена од министерот за економија Фатмир Бесими денеска ќе учествува на бизнис форум во Тирана, Албанија на кој ќе бидат присутни 30-тина македонски и шеесетина албански компании. Учесниците на средбата ќе се запознаат со остварувањето на трговската соработка според ЦЕФТА договорот 2006, како и постоечките проблеми и можностите за подобрување на деловната соработка меѓу двете земји. За време на престојот министерот Бесими ќе оствари и средба со неговиот албански колега Генц Рули.