Одложено првото судење во Митровица

Претставниците на ЕУЛЕКС соопштија дека првото судење што беше закажано за денеска во нивна организација во судот во северниот дел на Митровица не се одржало поради безбедносни причини. Вработените во српските правосудни органи денеска ги блокираа приодите кон окружниот суд , со што го спречија одржувањето на судењето. Тие бараат пред отворањето на судот да се разреши дилемата што ќе работи ЕУЛЕКС, чии закони ќе применува и кого ќе претставува.