Состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија


Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Бардеј го повика Иран да ја одблокира безизлезната ситуација во врска со својата нуклеарна програма. На денешниот состанок во Виена Ел Барадеј го повика и Дамасак да се изјасни во врска со сомневањата дека Сирија има нуклеарно оружје. На разговорите во наредните пет денови ќе стане збор и за одржувањето избори за наследник на Барадеј кој си заминува од функцијата во ноември.