Руски регионални избори: Победа на партијата на Путин

Руската изборна комисија соопшти дека Единствена Русија, партијата на премиерот Владимир Путин победила на вчерашните регионални избори. Ова, според комисијата, го покажале првичните резултати за сите девет локални собранија за кои се спроведоа избори. Опозиционата Комунистичка партија која гласањето го оцени како враќање на мрачните технологии од деведсетите години го освои второто место. На овие избори се гледа како на прв тест за Единствена Русија од почетокот на економската криза.