Австриската екстремно десничарска партија победи на изборите во Корушка

Австриската екстремно десничарска партија на поранешниот лидер Јерг Хајдер убедливо победи на вчерашните регионални избори во Корушка. Според официјалните прелиминарни резултати, Сојузот за иднина на Австрија освоил над 45 насто од гласовите, а втори се социјалдемократите со 28 проценти. Вчера локални избори беа одржани и во Шпанија и во Русија.