Во Прага конференција на тема:Проширување на Европската Унија – пет години подоцна

Денеска во Прага ќе биде одржана конференција на тема: “Проширување на Европската Унија – пет години подоцна”, на која ќе учествуваат претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, еврокомесарот за економски прашања Хоакин Алмуња и Мирек Тополанек, премиер на Чешка, која во моментов е претседавач на Унијата. На собирот во Прага ќе биде и македонскиот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски.