Средба на хрватскиот државен врв за спорот со Словенија

Денеска во Загреб хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, премиерот Иво Санадер и претседателот на Саборот Лука Дедиќ ќе се состанат со претставници на парламентарните партии со кои ќе разговараат за односите со Словенија и за можните решенија за прекин на словенешката блокада на преговорите на Хрватска за членство во ЕУ. Инаку, вчера во Брисел, словенечкиот премиер Пахор предложил одлагање на преговарачката конференција на Унијата со Загреб најавена за 27 овој месец.