Чешкиот премиер против специјален фонд за источна Европа

Чешкиот премиер Мирек Тополанек чија земја претседава со Европската Унија се спротивстави на можноста од овозможуавње специјална помош за источна Европа како што побара неговиот унгарски колега Гуршани. Топаланек изјави дека не мисли оти источна Европа е специјален регион и дека не треба да се издвојуваат неколку земји во рамки на Европската Унија. Тој поддржува помош на Европската Унија за сите земји но не посебно за источна Европа.