Унгарскиот премиер бара специјален фонд на ЕУ за источна Европа

Унгарскиот премиер Ференц Гуршани побара да биде формиран специјален фонд на Европската Унија во вредност од 241 милјарди долари наменети за помош на источно европските финансиски пазари. Тој ова го кажа додека лидерите на Европскаат Унија на денешниот неформален самит во Брисел утврдуваат активности за да ги зашитат најпогодените земји од глобалната економска криза. Гуршани предупреди за можноста од создавање нова економска железна завеса и оцени дека источно европските земји се најпогодени од кризата.