Заврши лидерската средба

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнето заврши средбата лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи,посветена на аспектите потребни за одвивање на претстојните избори во фер и демократска атмосфера. Груевски изјави дека е охарбрен дека се преземени сите политички и институционлни подготовки изборите да бидат фер и демократски, а лидерската средба пред време ја напушти лидерот на ДПА Мендух Тачи во знак на како што рече револт од одложуавњето на судските спорови за активисти на ДУИ.