Министерска средба во Охрид

Во Охрид се одржува неформална средба на министрите за одбрана на Македонија и на Албанија Зоран Коњановски и Газмен Окета, на која присуствуваат и високи воени делегации на двете држави. Средбата е продолжение на неформалниот состанок, одржан неодамна во Драч и е во функција на зајкнуавње и продолжување на соработка преку Јадранската повелба и на заедничките активности во рамките на ИСАФ, изјави министерот Коњановски. Меѓу министерствата на двете земји денеска ќе биде потпишан и билатерален план за соработка.