Средба на министрите за одбрана на Македонија и Албанија во Охрид

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Зоран Коњановски и Газменд Окета во Охрид ќе имаат неформална средба во функција на развој и зајакнување на билатералната и регионална соработка. На средбата, како што е најавено, министрите ќе разменат мислења за актуелните случувања во регионот.