Американската влада со триесет и шест насто од акциите на Ситигруп

Американската банка Ситигруп соопшти денеска дека постигнала договор со кој на американската влада ќе и предаде триесет и шест насто од акциите. Владата, заедно со други приватни инвеститори ќе ја конвертираат вредноста што ја поседуваат, околу дваесет и пет милијради долари, во заеднички акции. Ситигруп веќе има добиено од американската влада помош во вредност од четириесет и пет милијарди долари.