Протерани грузиски семејства од Абхазија?

Грузиските власти соопштија денеска дека сепаратистичките сили во прорускиот регион Абхазија во текот на изминатата ноќ протерале пеесет грузиски семејства. Прецизирано е дека настанот се случил во едно село во источниот дел на Абхазија. Абхазиските власти ги дематираа ваквите информации.