Меркел повикува на надминување на споровите на Балканот

Германскиот канцелар Ангела Меркел ги повика политичарите од Западен Балкан да ги надминат меѓусебните несогласувања во корист на подобра иднина за своите народи и евроинтеграцијата на регионот. ,,Западниот Балкан е полн со отворени билатерални спорови кои им штетат на добрососедските односи и ја нарушуваат стабилноста на регионот, оцени Меркел.