Вашингтон: План за делумно повлекување од Ирак

Американскиот Претседател Барак Обама се очекува денеска да ја објави временската рамка за повлекување на поголемиот дел од американските борбени трупи од Ирак. Новата стратегија треба да биде објавена за време на посетата на Обама на воената база Леџуан во Северна Каролина. Се очекува Обама да објави план за повлекување на околу 142 илјади американски војници за период од околу 18 месеци. Во Ирак би требало да останат околу 50 илјади американски војници како подршка на ирачките трупи и заштита на американските интереси во земјата.