Обама ќе го претстави новиот предлог буџет

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Конгресот го претставува новиот предлог државен буџет кој изнесува 3 трилиони долари. Голем дел од парите ке бидат наменети за реформи во американкиот здравствен систем а предвидени се и високи даноци за богатите америаканци. Обама изјави дека преку буџетот предвидува обновување на фискалната дисциплина. Ние мора да ги надоместиме нашите финансиски загуби за кратко време и да овозможиме движење во економијата, преку обновување на фискланата дисциплина, рече Обама. Предлог буџетот за 2010 та година преставува големо отскокнување од политиката на Бушовата администрација и формалзирање на многу од ветувањата на Обама од неговата изборна кампања. Според анaлизите во буџетот за 2009 тa година може да се појави дефицит од 1,75 трилиони долари.