Обама ќе го соопшти предлог буџетот на САД

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Конгресот ќе го претстави новиот предлог државен буџет, кој според јавувањата на агенциите, изнесуав 3 трилиони долари. Голем дел од парите ќе бидат наменети за реформи во американкиот здравствен систем а предвидени се и повисоки даноци за богатите америаканци. Предлог буџетот за 2010-та година преставува големо отскокнување од политиката на Бушовата администрација и формалзирање на многу од ветувањата на Обама за време на неговата изборна кампања.