Косовските лидери во Вашингтон


Претседателот на Косово Фатмир Сеидиу, премиерот Хашим Тачи и министерот за надворешни работи Скендер Хисени ќе се состанат денеска во Вашингтон со американскиот потпретседател Џо Бајден и со државната секретарка Хилари Клинтон. Косовските претставници вчера имаа средби со амбасадорите на неколку земји, а косовската амбасада во Вашингтон организираше прием.