Амстердам: Во авионска несреќа 9 загинати лица

Турски авион со 135 патници се урна при слетувањето на аеродромот Шипхол во Амстердам. Официјални претствници на холандскиот аеродром изјавија дека деветмина луге загинале, а над 80 се повредени, од кои шестмина се во критична состојба. Засега сеуште нема информации за причината за падот на авионот. Авионот при падот се распаднал на два дела.