Амстердам: При слетување се урна турски авион


Турски авион со 135 патници паднал на аеродромот Шипхол во Амстердам при намерата да слета. Според турските и холандските медиуми, авионот се распаднал на три дела. При тоа, еден патник загинал, 20 тина биле повредени, а најмалку најмалку 50 патници биле неповредени. На снимките на Холандската телевизија се гледало дека на авионот не избувнал пожар.