Прес: ЕУ прошувањето се одлага?

Пет земји-членки на Европската Унија: Белгија, Велика Британија, Данска, Финска и Холандија, би можеле да го блокираат почетокот на преговорите за членство на Хрватска по поглавјето „Правосудство и основни права“, поради недоволна соработка на Загреб со Хашкиот трибунал, пишува загребскиот весник Јутарњи Лист. Според Дејли Телеграф пак процесот на проширување на Европската унија се одлага поради актуелната економска криза и поради стравот во Брисел од се посилно изразената невработеност во земјите-членки на Унијата.