Вашингтон: Хилари Клинтон ќе се сретне со шефовите на дипломатии на Пакистан и Авганистан

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон деновиве во Вашингтон ќе се сретне со шефовите на дипломатиите на Пакистан и на Авганистан како дел од преиспитувањето на американската политика спрема тој регион. На средбите ќе стане збор и за одлуката на претседателот Барак Обама за испраќање на дополнителни седумнаесет илјади американски војници во Авганистан.