Вашингтон: Македонските власти го разгоруваат национализмот на Балканот, изјави Бакојани

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани синоќа во Институтот Брукингс во Вашингтон изјави дека македонските власти го разгоруваат национализмот на Балканот. Таа во врска со преговорите за името оцени дека тие досега биле неуспешни и покрај добрата волја и искрените напори на Грција. „Се надеваме дека ќе се сретнеме на половина пат со Владата во Скопје и ќе постигнеме решение во кое нема да има победници и губитници“, рече Бакојани која е во официјална посета на Соединетите држави. Предвидено е таат утре да се сретне со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.