Вашингтон: САД ке поблечат војници од Ирак

Соединетите држави ќе ги повлечат поголемиот број од своите трупи во Ирак до август 2010 година, изјавиле претставници на Белата Куќа, пренесуваат новинските агенции. Соговорниците во разговорот за новинската агенција Асошиејтед Прес инсистирале на анонимност, поради тоа што планот сеуште не е објавен. Претседателот Барак Обама, како што се јавува, има намера планот за повлекувањето на значителен број американски трупи од Ирак, да го објави во текот на неделава. Во моментов во Ирак има 142 илјади американски војници.