Вашингтон: Шефот на пакистанската дипломатија на средба со Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Вашингтон ќе се сретне со шефот на пакистанската дипломатија Шах Мехмуд Куреши, а в четврток и со авганистанскиот министер за надворешни работи Рангин Спанта. Тема на разговорите ќе биде ситуацијата во овие две земји, по одлуката на претседателот Обама да испрати дополнителни 17 илјади војници во Авганистан.