Тирана: Албанија ќе му дозволи на Косово да го користи пристаништето Шенѓин

Албанија ќе му дозволи на Косово да го користи албанското пристаниште Шенѓин, кое излегува на Јадранското Море, изјави албанскиот премиер Сали Бериша. Косовскиот премиер Хашим Тачи во писмото што претходно го испрати до Бериша, нагласи дека отворањето на пристаништето за косовските потреби ќе придонесе за неговиот економски развој, но и ќе биде во корист за албанската држава и за целиот регион.