Њујорк: 70 американски воени советници тајно работат во Пакистан, пишува Њујорк Тамјс

Според весникот Њујорк Тајмс, околу 70 американски воени советници тајно работат во Пакистан за да им помогнат на владините сили во операциите против талибанците и припадниците на Ал Каеда во западниот дел на земјата. Американските експерти ги обучувале пакистанските сили и има давале разузнавачки информации, но, според истиот извор, не биле вклучени во воени дејствија.