Канбера: Економската криза ќе предизвика зголемување на бројот на бегалците

Глобалната економска криза ќе предизвика зголемување на бројот на бегалците и ксенофобијата во некои земји во светот, оцени шефот на агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, Антонио Гутерес. На прес конференција во Канбера, тој оцени дека во некои земји, не прцизирајки во кои, бегалците и имигрантите ќе бидат сметани за виновници за економските проблеми.