Скопје: Лидерска средба посветена на изборите

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, денеска во Клубот на пратениците во Скопје ќе разговараат за прашања поврзани со претстојните претседателски и локални избори и ќе ги разгледаат сите аспекти како предуслов за нивно одвивање во фер и демократска атмосфера.Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во четвртокот испрати писмо до СДСМ, ДУИ и ДПА со кое ги покани на денешната лидерска средба на четирите најголеми парламентарни партии.