Атина: Терористичката група Секта ја презеде одговорноста за нападот на грчата телевизија Алтер

Терористичката група Секта на револуционерите ја презеде одговорноста за нападот врз грчката приватна телевизија Алтер, извршен оваа недела, објави Та неа. Весникот наведува дека вчера добиле соопштение во кое се тврди дека групата го извршила нападот во вторникот. При нападот немаше жртви, но беа нанесени штети на паркирани автомобили. Полицијата засега не го потврди соопштението. Во средата грчката полицијата демонтира експлозив од автомобил паркиран пред седиштето на Ситибанк во Атина.