Сеул: Северна Кореа да не одбива разговори со Сеул, порача Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во рамки на посета на Јужна Кореја изјави дека односите со Северна Кореја нема да напреднат се додека Пјонгјанг одбива разговори со Сеул. Инаку, Клинтон го назначи Стивен Босворт, американски дипломатски ветеран со долгогодишно искуство за случувањата во овој регион, за нов американски претставник во шест-партитните разговори за нуклеарната програма на Северна Кореја.