Киев: Македонска делегација предводена од вицепремиерот Зоран Ставревски во посета на Украина

Владина делегација предводена од вицепремиерот Зоран Ставрески, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Киев, Украина. Во рамки на посетата вицепремиерот Ставрески ќе се сретне со претставници на украинскиот државен врв, со кои ќе разговара за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји. На средбата како што е најавено ќе стане збор и за можноста за поголема искористеност и проширување на квотите за бесцарински извоз на македонски производи во Украина.