Кабул: Ситуацијата во Авганистан се влошува, изјави Барак Обама

Ситуацијата во Авганистан се влошува и за нејзино решавање ќе биде потребно повеќе од самата употреба на воена сила, изјави американскиот претседател Барак Обама, во интервју за канадската телевизија, а пред утрешната посетата на Отава. Претседателот Обама вчера одобри испраќање дополнителни седумнаесет илјади американски војници во Авганистан. Таму Соединетите држави веќе имаат триесет и осум илјади војници.