Прага: Долниот дом на Чешкиот парламент го ратификува Лисабонскиот договор

Долниот дом на чешкиот парламент денеска го ратификува Лисабонскиот договор за реформи на Европската унија. Чешка која е актуелен претседавач на Унијата е едниствена членка која досега не спровела гласање во параламентот или одржала референдум за овој договор. Договорот сега треба да мине и во Сенатот, а потоа и да го потпише претседателот Вацлав Клаус кој веќе изјави дека е против овој документ.