Вашингтон: Барак Обама го потпиша законот за економска помош вреден 787 милијарди долари

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за економска помош вреден 787 милијарди долари. Пакетот предвидува даночни олеснувања за работничката класа, помош за сиромашните и невработените и инвестирање во алтернативни видови енергија. Обама исто така одобри испраќање на дополнителни 17 илјади војници во Авганистан. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави дека овие сили се неопходни за стабилизација на ситуацијата во таа земја, која е влошена.