Токио: Министерот за финансии на Јапонија поднесе оставка

Јапонскиот министер за финансии Шоичи Накагава денеска си поднесе оставка поради здравствени проблеми. До ова доаѓа откако опозицијата побараа негово заминување од функцијата, обвинувајки го дека бил пијан за време на прес конференцијата на самитот на Групата 7, во минатата недела во Рим. Накагава ги демантираше таквите тврдења, изјавуваќи дека бил болен и под дејство на лекарства.